Електронженерите ја напуштаат Македонија
Електронженерите ја напуштаат Македонија. Земјава се соочува со одлив на мозоци. Професорите бараат да се искористат можностите во приватниот бизнис, државата ветува поддршка преку Фондот за иновации...

Одливот на мозоци не ги одмина електроинженерите. Голем број дипломци ја напуштаат Македонија. Професорите велат дека е ова огромен проблем за државата. Квалитетната настава не е доволна за да се задржат најдобрите, потребни се старт- ап и спин- оф компании.
Деканите на Машинскиот факултет, ФЕИТ и ФИНКИ со апел до младите да почнат да размислуваат за отворање сопствен бизнис и да придонесат за развој на економијата.
Вицепремиерот Анѓушев на студентите им ги претстави мерките за самовработување и парите за поддршката од Фондот за иновации.
Професорите ги мотивираат студентите со совети, државата ветува дека ќе помогне нивната идеја да се претвори во успешна бизнис- приказна.
Викторија Милевска
