Двојна спуст победа на Јансруд и на Штраитбергер
Пет денa по Олимписките игри скијачите се вратија на обврските во Светскиот куп.

Првпат двојна победа сезонава, Норвежанецот Кјетил Јансруд и Австриецот Георг Штраитбергер тримфираа на спустот во Квитфјел што е замена за откажаниот во Сент Мориц. И за двајцата ова е прв триумф сезонава и втор во кариерата. На скратената патека поради магла во норвешкиот скијачки центар, нивните 1:05:72 беа за 12 стотинки побрзи од времето на третопласираниот, Американецот Тревис Генонг.
На две трки до крајот, Јансруд кој во Сочи беше бронзен во спуст, а златен во супервелеслалом, се проби на третата позиција во поредокот во најбрзата скијачка дисципина без можност да го загрози лидерот и сонародник Аксел Лунд Свиндал кој има 224 бода повеќе.
Свиндал денеска беше петти и треба да се случи чудо утре повторно во Квитфјел и на 13 март во Ленцерхајде да ги испушти 125-те бода предност во однос на Ханес Рајхел. Затоа пак, Австриецот во завршните осум трки од Светскиот куп ќе влезе со позитива од 13 бода во генералниот пласман во однос на Норвеженецот.
