Анѓушев и Бектеши на 15-от Виенски Економски форум

19.11.2018 10:50

Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а потоа ќе има обраќање на 15-тиот Виенски економски форум, на панел дискусијата на која ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на 15-от Виенски Економски форум.

Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а потоа ќе има обраќање на 15-тиот Виенски економски форум, на панел дискусијата на која ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, ќе има свое обраќање на панел дискусијата со министри од владите на Романија, Словенија, Албанија и Бугарија.​