Продолжува судењето за случајот „Монструм“

19.11.2018 10:52

На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година. На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.

За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа беа 5 возила. Случајот „Монструм“ за петкратното убуство кај Смилковско Езеро, во февруари годинава почна од почеток и сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.