Собраниска делегација на Парламентарното собрание на НАТО во Канада
19.11.2018 10:54
Предвидено е обраќање на Џафери на годишната сесија, а се очекуваат и средби на маргините на настанот, најави собраниската прес- служба.

Македонска делегација, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64-тата годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.
Предвидено е обраќање на Џафери на годишната сесија, а се очекуваат и средби на маргините на настанот, најави собраниската прес- служба.
Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди и пратениците Илија Димовски и Катерина Кузмановска.
