Седница на собраниската Комисија за здравство
19.11.2018 10:57
Со предложените измени треба да се обезбеди внатрешна организација на јавните здравствени установи...

Собраниската Комсија за здравство денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за предлог- законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, во прво читање.
Со предложените измени треба да се обезбеди внатрешна организација на јавните здравствени установи, која според предлагачот ќе обезбеди достапна, рационална, ефикасна и континуирана здравствена заштита, и ќе се додаде АПТИС како меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик и ќе се избрише психолошкиот тест и тестот на интегритет за директорите на јавните здравствени установи и на директорот на Управата за електронско здравство.
