Укинати забраните на патиштата, сообраќајот по влажни коловози
19.11.2018 10:58
Диспечерскиот центар на „Македонија пат“ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег.

„Македонија пат“ соопшти дека се укинати сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи, и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци.
Диспечерскиот центар на „Македонија пат“ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и засеци е можна појава на поситни одрони, и се апелира за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
