БРЕГЗИТ
Меј: Договор ќе се постигне на состанокот на Европскиот совет
19.11.2018 11:34
Во говорот на Годишната конференција на Конфедерацијата на британската индустрија (ЦБИ), потенцира дека им претстои недела со интензивни разговори за утврдување на идните односи со Брисел.

Британската премиерка Тереза Меј е уверена дека ќе успее да го склучи договорот за Брегзит на претстојниот состанок на Европскиот совет.
Во говорот на Годишната конференција на Конфедерацијата на британската индустрија (ЦБИ), потенцира дека им претстои недела со интензивни разговори за утврдување на идните односи со Брисел.
Според Меј, предлог-договорот за Брегзит е најдобриот договор за Велика Британија. Со дијаметрално спротивен став за ова прашање е лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин.
