ММФ

Македонија со раст од 2% во 2018-та

19.11.2018 13:19

Според мисијата на ММФ, структурните реформи за решавање на долготрајните слабости на пазарот на трудот, судството и јавната администрација се од суштинско значење за да се искористи оваа можност и да се обезбеди подобра иднина преку поголема продуктивност и побрзо конвергенција на приходите.

Мисијата на ММФ која што ја заврши посетата на земјава, излезе со прелиминарен извештај за прегледот на македонската економија, според вашингтонските банкари, усогласен со македонските власти.

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција ги зголеми шансите за отворање преговори за пристапување со ЕУ, по дванаесет години од добивањето кандидатски статус. Според мисијата на ММФ, структурните реформи за решавање на долготрајните слабости на пазарот на трудот, судството и јавната администрација се од суштинско значење за да се искористи оваа можност и да се обезбеди подобра иднина преку поголема продуктивност и побрзо конвергенција на приходите.

Макроекономските политики треба да ја поддржат оваа цел, преку обновување соодветна заштита и одржување финансиска стабилност. Според ММФ, економската активност полека се опоравува по застојот во 2017-та година. Реалниот БДП се предвидува годинава да порасне до 2 насто, поддржан од силниот извоз и приватната потрошувачка, во услови на подобрување на условите на пазарот на трудот и силниот раст на кредитите на населението.

Во меѓувреме, доцнењата во големите инфраструктурни проекти, намалувањето на градежната активност и долготрајните неизвесности продолжуваат да ги кочат инвестициите, сметаат монетарците.

Целокупните макроекономски услови се поволни со ниска нагорна инфлација, дефицит на тековната сметка и позитивни движења на девизниот пазар. Според извештајот на мисијата на ММФ, се очекува проектираниот раст на БДП да достигне 2,8 проценти во 2019 година и постепено на среден рок да се приближува до 3,5 насто.