Со нова национална стратегија ќе се зголеми бројот на жени на менаџерски позиции
Бројот на жени на високи менаџерски позиции во земјава ќе се зголемува, за што се предвидени нова национална стратегија и повеќе буџетски средства...
Се работи на нова национална стратегија преку која бројот на жени на високи менаџерски позиции ќе се зголеми на 40 проценти. Во буџетот за в година се предвидени 37 насто повеќе средства за раст на конкурентноста на компаниите.
Кадар има, нема поддршка, велат од Здружението на бизнис-жени.
„Женското претприемништво може да ја придвижи економијата во земјата и тоа се покажало многу пати. Докажано е дека повеќе фирми кои ги водат мажи банкротираа“, изјави Драгица Јерков, претседател на Организацијата на деловни жени Хрватска.
Развојот на женското претприемништво е дел од ЕУ интегративните реформи во економската политика.
Дијана Ценевска
