САД
Силен земјотрес во близина на Фиџи
19.11.2018 13:34
Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот бил 253 километри југоисточно од градот Ламбаса, во кој живеат 28.000 луѓе.

Земјотрес од 6,9 рихтери е регистриран во близина на брегот на островот Фиџи. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот бил 253 километри југоисточно од градот Ламбаса, во кој живеат 28.000 луѓе.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета. Не е издадено ни преудпредување за опасност од цунами.
