Собрние на РМ

Закон за целосна или делумна амнестија- власта, опозицијата и независните пратеници со различни ставови

19.11.2018 14:51

Следниот понеделник на пленарна седница предлог- законот за амнестија што во Собранието го поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Од независната пратеничка група велат дека и националното тело за помирување подготвува решение. Мнозинството, кое имаше низа забелешки за понудата на опозициската партија, ќе го чека новиот текст во кој очекуваат да го има тоа што и потребно на државата...

Закон за целосна или делумна амнестија за учесниците во настаните од 27-ми април. Законот за целосна амнестија поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако од власта веднаш дочекан со негативни коментари, ќе се разгледува на 26-ти месецов. A, Координативното тело за помирување подготвува закон кој барем до моментов е без конкретни решенија.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат ако законот е со слични или исти законски решенија во кој амнестијата ќе биде целосна, а не делумна, може да разговараaт, но во телото составено за селективна правда нема да учествуваaт.

Законот мора да биде квалитетен, без да се наруши владеењето на правото, вели Емилија Александрова од независната пратеничка група. Се надева дека телото за помирување најдоцна до средината на декември, ќе излезе со конкретни решенија во законот.

Социјалдемократите ќе го чекаат решението од Координативното тело за помирување. Велат, во него ќе биде сѐ транспарентно околу помирувањето, кое ѝ e потребно во државата.

Премиерот Заев деновиве изјави дека може да има амнестија за учесниците во настаните од 27-ми април, но само за оние кои директно не учествувале во насилствата.

 

Миле Ристески