Метео: Облачно време со врнежи од дожд

19.11.2018 15:17

Во западните делови од земјата локално се очекува да наврне над 40 литри на метар квадратен количина воден талог.

Под влијание на потопол влажен воздушен бран утре во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.

Во западните делови од земјата локално се очекува да наврне над 40 литри на метар квадратен количина воден талог.

Максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат и во среда.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска