Јавна седница за Јане Ченто во Апелацискиот суд
Во Апелацискиот суд во Скопје, јавна седница по жалбата на Јане Ченто, еден од притворените за Собраниските настани од 27-ми април. Побара да му се определни поблага мерка...

Вратете ме во Шутка со браќата. Чест е да се биде во затвор во вакво време, рече обвинетиот Јане Ченто на рочиштето во Апелацискиот суд. Се жалеше на мерката притвор.
Според него, Судот не води сметка за фактите и доказите и постојано ги препишува решенијата, наведувајќи исти аргументи- притвор се определува поради сериозноста на кривичното дело и висината на запретената казна.
Одбраната побара на Ченто да му се изрече поблага мерка за обезбедување присуство.
Вишото јавно обвинителство во одговорот на жалбата наведе оти таа е неоснована и дека сѐ уште не се создадени услови на обвинетиот да му се определи поблага мерка.
Јане Ченто е еден од 33-цата обвинети за Собраниските настани од 27-ми април.
Анита Димитријевска
