Сијарто: Ниедна земја на ЕУ не го отвори прашањето за Груевски

20.11.2018 10:13

Никој од земјите- членки не ни забележа во Брисел за Груевски, изјави по вчерашниот министерски состанок на Унијата, шефот на унгарската дипломатија Сијарто...

Ниту една земја на ЕУ не побарала информации за барањето за азил на поранешниот премиер Гуревски, изјави по вчерашниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел, шефот на унгарската дипломатија Сијарто.

Владата во Будимпешта нема никаква улога во неговото доаѓање, дополнил унгарскиот минситер. Според Сијарто, унагрските власти првапат разбрале за случајот во една од соседните држави на Македонија и како што рекол, Груевски влегол во Унгарија сосема легално.

Ова не е прашање за унгарска поддршка на Македонија поради партиска или владина симпатија, изјавил во Брисел, Сијарто.