Употреба на антибиотици кај добитокот

20.11.2018 10:16

Антибиотиците и во ветеринарството треба да се употребуваат само кога е неопходно и со препорака од стручни лица. Неконтролираната употреба може да биде штетна и за луѓето кои се хранат со млеко, месо и со нивните преработки.

Исто како и кај луѓето и третирањето со антибиотици на добитокот кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.

Светската здравствена организација препорачува сточарите да ја зголемат хигиената и да користат вакцинацини со што ќе се намали потребата од користењето на антибиотици на фармата.

Употребата на антибиотиците и кај нас е регулирана со закон. Целта е да се заштити здравјето на потрошувачите и намали резистентноста од нивната преголема употреба кај животните и луѓето преку храната.

Дефинирани се и условите за користењето на антибиотиците со примена на највисоките критериуми за помал ризик на бактериска отпорност.

Според експертите, за откривање на еден антибиотик се потребни децении, а за создавање резистентност, односно отпорност кон него се доволни само две до четири недели.

 

Методија Трајков