САД

Смртоносен напад во болница во Чикаго

20.11.2018 10:20

Четири лица загинаа при вооружен инцидент во болницата „Мерси“ откако вооружен маж пукаше во жена на паркинг, а потоа отвори оган кон присутните во болницата...

Фатална семејна расправа во болница во Чикаго. Четири лица загинаа при вооружен инцидент во болницата „Мерси“ откако вооружен маж пукаше во жена на паркинг, а потоа отвори оган кон присутните во болницата, повредувајќи четири лица, меѓу кои се и полицаец и доктор, кои подоцна подлегнале на здобиените повреди. Напаѓачот беше усмртен од полицијата.

„Се подготвувавме за вакви сценарија поради случувањата во светот. Но никогаш не помислувавме дека ќе мора вистински да доживееме ваков ден. Сочувство до сите“, изјави д-р Мајкл Девенпорт.

Лани во Чикаго биле регистрирани 675 убиства.