Кривичен суд
Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски
20.11.2018 10:24
Обвинети се Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот вмешан во убиството е во бегство.

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски во скопската населба Автокоманда. Обвинети се Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот вмешан во убиството е во бегство.
Според одбраната, обвинетите немале намера да го усмртат Саздовски, за кого обвинителството најпрвин издаде обвинителен акт за насилство, а потоа под притисок на јавноста го смени во убиство со умисла.
