Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

20.11.2018 10:43

На претходното рочиште беа читани вештачењата на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, задолжен за електронското гласање во Собранието, кое се однесува на СМС-пораки, Фејсбук и Вибер комуникацијата во периодот од март до април 2017-та година...

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На претходното рочиште беа читани вештачењата на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, задолжен за електронското гласање во Собранието, кое се однесува на СМС-пораки, Фејсбук и Вибер комуникацијата во периодот од март до април 2017-та година.

Во судница беа присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски, за кого постапката беше одвоена.

За случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.