Вучиќ: Ние не сме диво племе да апсиме луѓе без потерница
Која е рутата по која што поранешниот премиер Никола Груевски ја напуштил земјава и влегол во Унгарија? Ние не сме диво племе да апсиме луѓе без потерница, изјави српскиот претседател Вучиќ, наведувајќи дека Груевски на преминот Хоргош минал на 12-ти, а потерницата стигнала на 13-ти ноември. До утре најдоцна ќе ја испратиме целосната документација за екстрадиција, најави министерката Рената Дескоска...

Не сме ние диво племе да апсиме луѓе по кои нема распишано потерница, вели во интервју српскиот претседател Александар Вучиќ. Објаснувајќи ја рутата на бегство на екс- премиерот Никола Груевски, Вучиќ објаснува дека границата кон Црна Гора и влезот и излезот од Србија, Груевски го минал во придружба на двајца унгарски дипломати со лична карта и документ за патување на негово име.
Спрскиот шеф на државата појаснува дека два дена по бегството на Груевски добиле известување за распишана потерница. Податок кој Вучиќ го кажа е дека ист мерцедес со иста документација преформанси и цени, набавил и поранешниот српски претседател Тадиќ, но не може да му судат бидејќи мерцедесот е сопственост на државата.
„Со кого си играте вие во Србија. Барате да апсиме лице за кое немаше потерница. Што сме ние, диво племе, дива земја. Да апсиме луѓе за кои нема потерница во земјата, а не пак распишана меѓународна потерница“, рече спрскиот претседател, Александар Вучиќ.
Министерката за правда Рената Дескоска очекува најдоцна до среда да бидат испратени документите за екстрадиција на Груевски од Унгарија во Македонија. Вели постапката за азил трае долго во Унгарија, освен ако не спровеле екстра брза за случајот Груевски.
„Дел од материјалот е преведен, дел подоцна ќе се преведува и ќе се испраќа затоа што станува збор за многу материјал. Во барањето наведени се сите предмети, не само во случајот „Тенк“, туку и во другите во кои е обвинет“, изјави министерката Дескоска.
Поранешниот премиер Груевски избега од Македонија по изрекување на двегодишна казна затвор за набавка на мерцедес вреден 600.000 евра.
Миле Ристески
