Груевски доби политички азил во Унгарија?
20.11.2018 13:03
Во експресна постапка екс- премиерот Груевски го добил азилот по основ на барањето кое го поднел. Нема официјална информација дали ова е точно...

Неофицијално унгарските медиуми пренесуваат информации за решавање на барањето за азил на Никола Груевски.
Во експресна постапка екс- премиерот Груевски го добил азилот по основ на барањето кое го поднел. Нема официјална информација дали ова е точно, односно дали унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот поранешен премиер.
Македонската телевизија побара одговор и од Министерството за надворешни работи на Унгарија.
