Кривичен суд

Сведокот ги препозна напаѓачите на Саздовски

20.11.2018 13:11

Одбраната на двајцата напаѓачи кои го усмртија Саздовски, побара изземање на судијката. Клучниот сведок ги препозна напаѓачите.

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на 20- годишниот Никола Саздовски во скопската населба Автокоманда. Обвинети се Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот вмешан во убиството е во бегство.

Одбраната на двајцата напаѓачи кои го усмртија Саздовски, побара изземање на судијката. Клучниот сведок ги препозна напаѓачите.

Саздовски беше претепан на автобуска станица за што следуваше обвинителен акт за насилство кој потоа беше преиначен поради притисокот на јавноста, во убиство со умисла.