„Викенд на мртовци“ премиерно во Театар „Комедија“

20.11.2018 13:34

Во режија на Ѓорѓи Ризески, вечер на сцената на Театар „Комедија“ премиерно ќе биде изведена претставата „Викенд на мртовци“...

После цели 25 години откако играше во Драмскиот театар, во режија на Коле Ангеловски, култната претстава „Викенд на мртоци“ е поставена во Театар „Комедија“.

Сите проблеми со кои се соочува едно семејство во период на смрт на член од истото. Болката е на прво место, но што се можеме да сториме во тој период за да ги направиме нештата подобри? Вака актерите го раскажуваат текстот на култната претстава.

Режисерот Ризески вели дека оваа верзија се разликува од претходната.

Последната премиера за Театар „Комедија“ ја имав во 2012-та година, вели актерката Жаклина Стевковска. Се радува на повторната соработка.

Живејте сите што поубаво додека можете. Ова е претстава за живите денеска, кои се справуваат со смртта. Што значи, ова е претстава за живите, посочуваат актерите.

 

Александра Спировска