Просечната нето плата во септември 24.355 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено со истиот месец лани, има зголемување за 4,8 отсто кое се должи на повисоката месечната плата во секторите: рударство и вадење на камен за 21,9 проценти и во информации и комуникации за 15,2 насто.

Просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во септември 2018-та, изнесувала 24.355 денари, што претставува зголемување за 145 денари во однос на август 2018-та година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено со истиот месец лани, има зголемување за 4,8 отсто кое се должи на повисоката месечната плата во секторите: рударство и вадење на камен за 21,9 проценти и во информации и комуникации за 15,2 насто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 4 отсто, образование за 2,4 отсто и други услужни дејности за 1,5 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018-та изнесува 35.794 денари.
