МАНУ

Доколку се имплементираат сите мерки од експертите, скопјани ќе дишат чист воздух до 2025-та

20.11.2018 14:32

Според истражувањето на Академијата, најголеми загадувачи на градот се домаќинствата со 90 проценти, а само 10 насто отпаѓа на транспортот. Засега, МАНУ нема податоци за тоа колку индустријата го загадува градот...

Доколку се имплементираат сите мерки од експертите, Скопјани ќе дишат чист воздух до 2025-та година, велат од МАНУ. Според истражувањето на Академијата, најголеми загадувачи на градот се домаќинствата со 90 проценти, а само 10 насто отпаѓа на транспортот. Засега, МАНУ нема податоци за тоа колку индустријата го загадува градот, зашто таа не била предмет на анализа, но препорачуваат да се применат сите мерки.

За загадувањето во Скопје сите сме виновни и затоа никој не може да биде амнестиран од тоа. Да се придржуваме до препораките од експертите, и со тоа да придонесеме за подобрување на квалитетот на воздухот, велат од Инспекторатот на Град Скопје. Информираа дека се потрошиле субвенциите за набавка на печки на пелети, но во тек се и други мерки против загадувањето.

Од кабинетот на Шилегов велат дека интензивно работат на мерките што ќе го намалат аерозагадувањето, и како што рекоа тоа е проблем за кој ќе требаат многу време и пари. На дебатата презентираа дел од мерките за наредниот период.

Додека надлежните сѐ уште дебатираат и спроведуваат истражувања за аерозагадувањето, невладините организации веќе најавија дека ќе ја тужат државата за уништено здравје.

Викторија Милевска