ВМРО-ДПМНЕ: Судиите во Апелација да се издигнат над политичките нарачки

20.11.2018 14:45

Според опозициската партија монтираниот политички процес по нарачка на власта не смее да биде потврден од судските органи, кои мора да нсат одлуки врз основа на законот и Уставот.

Апелациониот суд да ги цени фактите при одлучување за притворите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, зашто тие 18 месеци ги почитуваат одлуките на Судот и се достапни на органите на прогонот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив монтираниот политички процес по нарачка на власта не смее да биде потврден од судските органи, кои мора да нсат одлуки врз основа на законот и Уставот.  

„При одлучувањето за притворот на Миле Јанакиески и на Кирил Божиновски, судиите во Апелацискиот суд мора да се водат од фактите, наспроти изречената мерка како одговор на потребата на хунтата за прикривање на неспособноста и на политичкиот терор против неистомислениците“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Определување мерка притвор по цела година и половина за луѓе кои што со ништо не ги прекршиле претходните мерки е чисто политички мотивиран случај- велат од опозициската партија.