Извршители

Властите не отстапуваат од намалување на тарифите за извршување, Комората најавува консултации

20.11.2018 14:52

Ќе се намалуваат ли тарифите на извршителите? Од правда одговараат потврдно. Меѓународна оценка е дека ним треба да им се гарантира независноста во одлучувањето. Сепак, финансиската дисциплина засега е постигната, велат надлежните...

Владата нема да се откаже од намалување на тарифите на извршителите. Ресорната министерка Дескоска се надева дека Комората ќе го прифати овој потег бидејќи неправедно е, вели, граѓаните да плаќаат за стари долгови по неколку години со суми 20 пати поглеми од основниот долг.

Законското решение се очекува, вели Дескоска, наскоро да помине во Собранието. Извршителите, пак, очекуваат да биде корегирана стапката која предвидува намалување на тарифата и до 90 проценти. Првиот човек на Комората, Димов вели ќе се реагира доколку дојде до тоа.

Извршителите, банките и власта договориле сметките за социјална помош, од алиментации или од минимални приходи да не се блокираат, такашто ранливите групи ќе бидат толерирани, велат од Комората.

Првиот човек на Меѓунардониот сојуз на извршителите, Марк Шмиц смета дека најбитно е на извршителите да им биде гарантирана целосна независност во постапувањето.

Димов тврди дека Законот за извршителите ја зголемил финансиската дисциплина кај граѓаните, па така само 1 процент од предметите се однесуваат на комунални долгови. Тој потврди дека последниве две години видно е намалена добивката на извршителите од постапувања.

 

Фиљана Кока