Кошарка – АБА лига

АБА завршниот турнир во „Белградска Арена“?

28.02.2014 16:04

Местото на одржување на модерниот циркус „Елоиз“ е префрлено од „Арена“ во „Сава центар“ со намера завршниот турнир на АБА кошаркарската лига закажан во терминот од 25 до 27 април да се одигра во најголемата сала во Белград.

Раководството на јадранската конкуренција се уште не се изјаснило кој ќе биде домаќин на пресметките на четирите најдобри екипи затоа што правилата се јасни. Прва право да го организира  турнирот има екипата што ќе биде најдобропласирана по лигашкиот дел.

Многу веројатно дека тоа ќе биде Црвена звезда, но прашање е дали црвено – белите ќе ја прифатат оваа обрска затоа што нејзините најжестоки навивачи популарните „Делии“ ги бојкотираат мачевите од АБА лигата. Поради тоа Црвена звезда не успеа во текот на сезоната ниту еднаш да го наполни  „Пионир„ којшто има капацитет од максимум 8000 гледачи за разлика од „Белградска Арена“ којашто собира и повеќе од 21 илјада посетители. На пример на натпреварот на којшто Црвена Звезда беше домаќин против вечниот ривал Партизан во рамките на АБА лигата беа присутни само 4425 навивачи вклучувајќи ги и гостинските.

На пет кола да крајот Црвена звезда е прва со 17 победи и четири порази пред Цедевита со ефект 16-5. На третото и четвртото место со по 14-7 се Партизан и Цибона, а во конкуренција за „Фајнл фор“ турнирот се и Будуќност со 13–8, Икогеа со 12-9, па теоретски дури и МЗТ Скопје кој е на седмата позиција со десет триумфи и единаесет загубени мечеви. Аеродромци во 22-то коло утре ќе и гостуваат на Игокеа. Преносот ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 17 часот.