Жртви во железнична несреќа во Шпанија
20.11.2018 15:18
Инцидентот се случил поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата.

Еден човек загина, а десетици се повредени откако патнички воз излета од шините недалеку од Барселона.
Инцидентот се случил поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата. Возот превезувал 150 патници.
