Почна пријавувањето за субвенции за сливи

21.11.2018 10:46

Тече пријавувањето за дополнителните субвенции за откупените сливи од годинашниот род. На огласот кој ќе трае до 25-ти декември, треба да се пријават трговските фирми и откупувачите. Финансиската поддршка изнесува 2 денари за килограм...

Фирмите и откупувачите на сливи можат да поднесуваат барања за добивање на субвенции за откупените количества од годинешниот род. 

Финансиската поддршка се исплаќа за производството кое е откупено во период од 15 август до 15 септември а исплатата е завршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари за килограм.

Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм. Корисниците треба да се правни лица регистрирани за преработка или за вршење на трговија со земјоделски производи и да се запишани во Регистарот на откупувачи.

Субвенцијата следува за родот од 2018 година купен со договор склучен со земјоделските стопанства. Во прилог на барањето освен договорот треба да се достави и доказ за откупени сливи и за извршена исплата.

Огласот ќе трае до 25- ти декември годинава.

Методија Трајков