САД со санкции против ирански и руски фирми
Според Министерството за финансии стотици милиони долари биле обезбедени за иранската Исламска револуционерна гарда, а средства исто така биле префрлани и на палестинската милитантна група Хамас и либанската милитантна група Хезболах.

Соединетите Американски Држави санкционираа девет лица и компании за кои се тврди дека се вклучени во руска и иранска шема преку која сириската Влада добивала милиони барели нафта, што е прекршување на американските санкции.
Според Министерството за финансии стотици милиони долари биле обезбедени за иранската Исламска револуционерна гарда, а средства исто така биле префрлани и на палестинската милитантна група Хамас и либанската милитантна група Хезболах.
САД сите три групи ги смета за терористички организации.
