Рочиште за „Таргет- Тврдина“ во Кривичен суд

21.11.2018 11:12

Во споениот предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и пораншената министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков...

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тврдина- Таргет“, за незаконското следење на комуникациите.

Во споениот предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и пораншената министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Освен за нелегално прислушување на над 20 илјади граѓани, обвинетите се товарат и за уништување опрема вредна над 1,4 милиони евра.