Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

21.11.2018 11:43

Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.

Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта.

За случувањата во Собранието на 27-ми април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно, поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.