Барање за истрага од ОН за убиството на Кашоги

21.11.2018 11:48

Чавушоглу најави дека Анкара не е задоволна од соработката со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, така што би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации...

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу најави дека Анкара не е задоволна од соработката со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, така што би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации.

По средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео повтори дека мора да се дознае вистината кој го нарачал убиството на Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Помпео ја бранеше американската поддршка за Ријад откако претседателот Доналд Трамп изјави дека Вашингтон останува сигурен партнер на заливската земја.