Јанукович се правда: „Морав да се заштитам“

28.02.2014 16:09

Јанукович рече дека се уште се смета за претседател и не ја признава новата власт во Киев зашто била промената, била насилна...

Власта во Киев ја презедоа националистички и профашистички радикали - поранешниот украински претседател Виктор Јанукович првпат и се обрати на нацијата од рускиот град Ростов на Дон откако беше развластен во сопствената држава. Рече дека се уште се смета за претседател и не ја признава новата власт во Киев зашто била промената  и била насилна.

„Сакам да му се извинам на Украинскиот народ. Во ваква состојба нивната реакција е нормална. Ќе  биде тешко да излеземе од кризата. Тоа  е резултат на неодоговорна политика“, рече Јанукович.

Се оправда дека во налетот на демонстрантите, морал некаде да се засолни и затоа избегал во Русија.

„Морав да се заштитам од заканите и да ги заштитам најблиските. Тука имам добри пријатели кои ќе ме заштитат додека ситуацијата е ваква“, додаде соборениот претседател.

Медиумите јавуваат дека се повлекуваат проруски вооружените лица кои ги окупираа аеродромите во Симферопол и Севастопол, двата најголеми градови во независната област Крим. Пратениците во кримскиот парламент се договорија да се одржат избори во областа на 25-ти мај, истиот ден кога се закажани изборите во Украина, што се толкува како чекор пред создавање паралелна власт во земјата.

Американскиот вицепретседател  Бајден ја предупреди Москва да не интервенира воено во Украина. Врховната Рада усвои резолуција со која се повикуваат САД и Велика Британија да гарантираат за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Економистите пак со свои проценки дека земјата е пред банкрот. Украинската централна банка го ограничи износот што дневно може да се подигне од банките, а вредноста на националната валута постојано паѓа. Претседателот на Владата Арсениј Јацељук изјави дека долгот на Украина е 75 милијарди долари, двојно повеќе во однос на 2010 кога Јанукович дојде на власт.

„Најважно е да ја стабилизираме земјата, да ја подобриме економијата и да почнеме преговори со ММФ“, изјави Арсениј Јацењук, опозицискиот лидер на „Татковина“.

Во Женева почна кривична истрага против Јанукович и неговиот син Александар, а швајцарските банки  ги замрзнаа  сите средаства за кои ќе се посомневаат дека се во врска со Јанукович. Владата во Украина досега ги замрзна имотите на 20 Украинци.

Марија Петковска