Мијалков во притвор поради опасност од бегство
30- дневен притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Денеска не беше донесен на рочиштето за предметот „Таргет- Твдрина“, кое е одложено за 4-ти декември...

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор во Шутка поради опасност од бегство, потврди Кривичниот суд. Оттаму наведуваат дека на предлог на СЈО му е определена мерка притвор во траење од 30 дена за случајот „Таргет – Тврдина“.
Против ова решение, Мијалков има право на жалба. Неговата одбрана најави дека ќе ја искористи можноста. Адвокатите веќе го добиле решението, но сметаат дека е прекршен Законот за кривична постапка, затоа што Мијалков претходно не бил сослушан.
Специјалното обвинителство против Мијалков досега поднесе неколку обвиненија, и тоа за предметите „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски, за изборни нерегуларности, како и за масовното прислушување и уништување на опремата – случај во јавноста познат како „Тврдина-Таргет“.
Во Кривичниот суд се одложи рочиштето за случајот „Тврдина – Таргет“ затоа што обвинетиот Сашо Мијалков не беше спроведен од истражниот затвор во Шутка.
Мијалков е под истрага и за случајот „Империја“, предметот на СЈО што се однесува на перење пари, измама, злосторнично здружување.
Анита Димитријевска
