Данска поддржува прием на Македонија во НАТО и ЕУ
Данска ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, истакна шефот на данската дипломатија Самуелсен по средбата со неговиот домаќин, Димитров во Скопје. Двајцата дипломати размениле мислење и за одобрувањето на азил за Груевски во Унгарија, при што се согласиле дека сите треба да се раководат од принципите на владеењето на правото...
Македонија инсистира на владеењето на правото, изјави шефот на нашата дипломатија, Димитров, по средбата со данскиот колега, Самуелсен, во Скопје. Најави дека на маргините на самитот на НАТО на почетокот на декември во Брисел, ќе разговата со унгатскиот шеф на дипломатијата, Сијарто, за азилот на Груевски. Сепак, не соопшти други дипломатски мерки, освен протестната нота бидејќи Македонија не смее да ја загуби поддршката на Унгарија за членството во НАТО и во ЕУ.
Данска поддржува членство на Македонија во НАТО и во ЕУ. Сепак, министерот Самуелсен објасни дека евроинтеграцијата е врз основа на постигнатите резултати во реформите.
Двајцата шефови на дипломатиите заклучиле дека билатералните односи меѓу Македонија и Данска се одлични, особено по посетата на Димитров на Копенхаген и повратната во Скопје.
Посетата на шефот на данската дипломатија на Македонија доаѓа по пауза од 16 години.
Ирина Гелевска
