Хан ќе бара објаснување од Орбан за азилот на Груевски

21.11.2018 14:18

Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите- членки и за земјите- кандидати. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа- изјави Хан...

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, најави дека од унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе побара објаснување за основите за давање азил на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите- членки и за земјите- кандидати. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство на Македониија во ЕУ, но не ја смета за безбедна, посочи еврокомесарот Хан.