Тереза Меј на средба со Јункер за Брегзит
Се очекува двајцата лидери да дискутираат за рамката за идниот однос меѓу двете страни, за што се уште нема согласност.

Британската премиерка Тереза Меј, попладнево ќе се сретне со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, за да ги финализира последните елементи околу Брегзит.
Се очекува двајцата лидери да дискутираат за рамката за идниот однос меѓу двете страни, за што се уште нема согласност.
Договорот за повлекување на Обединетото Кралство содрќи решенија за неколку горливи прашања, како што е Ирската граница.
В недела шефовите на држави и влади треба да го формализираат договорот за Брегзит, но Шпанија предупреди дека ќе блокира, доколку не и биде признаена формална улога во преговорите околу Гибралтар, што не е случај во сегашната спогодба за повлекувањето на Обединетото Кралство.
