Железница

Пругата Битола- Кременица во завршна фаза

21.11.2018 16:27

Се исполнува сонот на стопанствениците од југозападниот регион. Ревитализацијата на пругата Битола- Крененица е во завршна фаза. Увид на лице место извршија и виципремиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт Горан Сугарески. За Анѓушев ова е одглавување на уште еден заглавен проект од минатата влада...

По 32 години запуштената пруга Битола- Кременица од нова година влегува во функција. Реконструктивниот зафат е во финална фаза. Пругата е целозно ревитализирана, а во следните недели останува да се доработи на поставување на сигнлизацијата и останатите пропратни елементи согласни со договорот. Проект финансиран од ИПА фондовите и проект кој го следеа многу проблеми од технички и финасиски аспект.

Вложивме сериозни напори со министерството за транспорт и врски и со МЖ Инфраструктура за одглавување на наследените проблеми. Среќни сме што ова е еден од оние проекти кои што ги одглавивме и се во реализација. Железничката пруга со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на годината“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Веднаш по нова година се очекува и обраќањето на првите возови. Бенефитот треба да го почувствуваат извозно ориентирание стопанственици. Поевтиниот транспорт до солунското пристаниште треба да им овозможи поголема конкурентност на пазарот.

Ова поврзување на Пелагонискиот регион со Солунското пристаниште ќе значи побрз и поевтин транспорт на стоки и услуги, а поволностите се добредојдени не само за домашните туку и за странските инвеститори“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

За нас битолчани од посебно значење е тоа што еден крак влегува и во индустриската зона Жабени, што ќе биди нов адут во привлекување на нови странски инвеститори“, вели градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Со навремената реализација и запазувањето на роковите со новиот изведувач се надминува опасноста од губење на доделените европски средства, велат владините претставноц. Потенцираа дека остануваат посветени на обновување на патната и железничката инфраструктура.

Стевче Митревски