Дипломатија
Димитров во Солун на министерски состанок меѓу Македонија, Грција, Албанија и Бугарија
22.11.2018 10:25
Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија денеска и утре ќе одржат средба во Солун...

Состанок на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со колегите од Албанија, Бугарија и од Грција во Солун. Ова е четврта средба на таканеречената квадрилатерала, иницирана од поранешниот министер за надворешни на Грција, Никос Коѕијас.
Целта е напредок во регионалните релации, добрососедство и економска соработка, за приближување на Македонија и Албанија кон евроинтеграциите.
