Брегзит

Преговорите за идните односи Брисел-Лондон продолжуваат в сабота

22.11.2018 11:43

Меј, по враќањето од Белгија истакна дека на преговорите не успеале да ги надминат сите разлики. Претходно, портпарол на ЕУ соопшти дека Меј и Јункер на средбата во Брисел постигнале напредок, но за ова дека сѐ уште нема конечен договор.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа најави дека в сабота повторно ќе отпатува за Брисел на преговори за финализирање на предлог- документот за идните односи меѓу велика британија и ЕУ по Брегзит.

Меј, по враќањето од Белгија истакна дека на преговорите не успеале да ги надминат сите разлики. Претходно, портпарол на ЕУ соопшти дека Меј и Јункер на средбата во Брисел постигнале напредок, но за ова дека сѐ уште нема конечен договор.

Британската премиерка, исто така се обидува да обезбеди поддршка во Долниот дом на британскиот Парламент за Брегзит, постигнат минатата среда. В недела вонредна седница на Европскиот совет за Договорот за напуштање на Велика Британија на ЕУ.