Честитка од претседателот Иванов по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука
Азбуката е огледало на цивилизацијата, порачува претседателот. Албанскиот јазик е важен дел од нашето мултиетничко општество.

Македонскиот претседател Иванов им го честита Денот на албанската азбука на припадниците на оваа етничка заедница во Македонија. Азбуката е огледало на цивилизацијата, порачува претседателот. Албанскиот јазик е важен дел од нашето мултиетничко општество.
Денешниот празник, 22 Ноември, е значаен ден за припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество. Почитувајќи ги идентитетските обележја и меѓусебните разлики ги потврдуваме нашите заложби за градење на подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска Република Македонија, стои во честитката на претседателот Иванов.
