ВМРО-ДПМНЕ: Најлоши услови за работа за стоматолозите

22.11.2018 13:15

Ваквиот однос од страна на директорот на Фондот е крајно непрофесионален, некоректен и не придонесува за унапредување на здравството и здравствената фела.

На стоматолозите им беше ветено зголемување на капитацијата од 40 на 70 денари. Но, министерот Филипче е министер за лаги и манипулации, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Нема, посочуваат од партијата, ниту бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент.

„Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев треба да се засрами од договорите кои им ги нуди на матичните стоматолози и доктори. Дали немањето слух за многуте забелешки кои ги имаат докторите е директна порака од страна на Ден Дончев која буквално би значела, прифати го договорот или затвори ја ординацијата“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот однос од страна на директорот на Фондот е крајно непрофесионален, некоректен и не придонесува за унапредување на здравството и здравствената фела. Исто како и на матичните лекари, така и на стоматолозите им се понудени најлоши услови за работа со Фондот за здравствено осигурување. Со екстремната казнена полититика кон стоматолозите се удира и врз граѓаните, односно пациентите, велат од опозициската партија.