Прилеп

Откупот на тутунот се интензивира, почна исплатата

22.11.2018 14:06

Откупот на тутунот се одвива непречено и деновиве почнува да се интензивира. Почетно просечната цена е 212 денари на откупени 1.000 тони, проценуваат од инспекторатот. Прилепскиот комбинат ја почна исплатата, тутунарите инсистираат на реална процена и остануваат на барањето за повисоки откупни цени...

Откупот на тутунот се одвива непречено, допрва ќе се интензивира, а Прилепскиот комбинат, по три дена, ја почна исплатата. Тутунарите, пак, ги почнаа калкулациите за исплатливоста. Признаваат дека квалитетот е понизок, но најбитна е реалната процена.

Почнаа четири компании, уште толку ги отворија пунктовите. Деветиот откупувач, фирмата „Мисиријан“ од Струмица наскоро ќе ја покаже банкарската гаранција. Според Државниот земјоделски инспекторат, четирите компании кои почнаа, досега откупиле 100.000 килограми по просечна цена од 212 денари.

За тутунарите остануваат барањата- повисоки откупни цени, реална процена, да нема кратење на класи и големи одбитоци. Добро е, велат, што ќе се укинат евидентните листови.

Поради турболентната година, реколтата се цени на над 23.500 тони и неизвесно е дали ќе ги достигне побарувањата од откупувачите од 29.000 тони тутун.

 

Елизабета Митреска