НБРМ: 251,5 милиони евра странски инвестиции во 2013-та
28.02.2014 16:40
Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал...

Последните податоци на Народната банка на Македонија (НБРМ) покажуваат дека лани се евидентирани 251,5 милиони евра странски инвестиции што е 3,5 пати повеќе во однос на 2012 година кога беа регистрирани 72 милиона евра.
Според последните податоци за влез на странски капитал во државата, во декември минатата година се регистрирани 28,8 милиони евра странски инвестиции.
Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал.
