Мицкоски: Го осудувам бегството на Груевски, да се лоцира вината и помагачите
Во интервјуто за „1ТВ“, Мицкоски рече дека немал индиции оти Груевски ќе избега од земјава и смета дека одговорот треба да се бара во институциите ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го осуди бегството на екс- премиерот и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случило и кои се потпомагачите .
„Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, но многу е важно да се лоцира кај кого е вината, како се случи и кои се помагачите“ - рече Мицкоски, и додаде дека како претседател на партијата ги охрабрува надлежните да се даде одговор на сите прашања.
Во интервјуто за „1ТВ“, Мицкоски рече дека немал индиции оти Груевски ќе избега од земјава и смета дека одговорот треба да се бара во институциите кои треба да кажат како се случило бегството.
