Нови рочишта за предметите „Титаник“ и „Титаник 3“

23.11.2018 10:47

Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено...

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено, бидејќи во судница не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.

Во Кривичниот суд треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013-та година уништувале изборен материјал.