Седници на две собраниски комисии
23.11.2018 10:49
Седници ќе одржат Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во Законодавниот дом седници ќе одржат Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На првата комисија ќе се одржи јавна расправа на тема „Финансирање на активностите предвидени во Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција“.
Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи јавна расправа по предлог- законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
