Саудиска Арабија: Принцот во прва посета во странство по убиството на Кашоги

23.11.2018 10:59

Според медиумите во регионот, прва на агендата се Обединетите арапски емирати. Целта е да се зацврсти меѓународните односи кои се дестабилизирани поради обвиненијата кон саудиската влада за убиството на Кашоги во нивниот конузлат во Истанбул.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман е во прва посета во странство по убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој беше жесток критичар на владата во Ријад.

Според медиумите во регионот, прва на агендата се Обединетите арапски емирати. Целта е да се зацврсти меѓународните односи кои се дестабилизирани поради обвиненијата кон саудиската влада за убиството на Кашоги во нивниот конузлат во Истанбул.

Турското обвинителство утврди дека бил задавен, па парчосан така што истрагата е фокусирана на пронаоѓањето на неговите останки.